Промени тема
Контакт

Без корупција и непотизам е невозможно да просперираш, кој се обидел овде да создава вредност - изгинал, вели Трпкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
DSC_0097

За оние што сепак се воздржуваат од критики кон сегашната власт, коишто се плашат Груевски да не се врати, и ја прифаќаат реалноста во којашто се прпелкаме како риби на суво само за да не се вратиме назад, и со кои одевме да протестираме и да ризикуваме, а богами и изгубивме многу од сопственото време, надежи, верба - ако ова е тоа за кое сте се бореле, тогаш, значи дека не сме се бореле за исто, вели познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова

„Или дека аршините за остварени “граѓани” во сопствената земја преку професија, а не преку функција не ни биле ни од блиску, а богами ни оддалеку исти. Тоа што имаме слобода да си ја кажеме мислата јавно, не е ништо ново. Тоа сме го правеле и со Груевски.

— реклама —

Ние добро глумиме демократија, ама поим немаме од чесност, фер-плеј, дисциплина, работа и одговорност. Овде криминалците и политичарите живеат добро. Без корупција и непотизам е невозможно да просперираш…кој се обидел овде да создава вредност и да дига критериум - изгинал. Така било така е сеуште. Имаме повеќе слободи, ама и сиромаштија, што се должи на сериозна системска аномалија. А капацитет за нејзино решавање не постои. Постојат само прстиња на секоја партија, што префрлаат вина на друг.

— реклама —

Настрана што секое придобивање на гласачи преку ругање и ширење омраза или преку делење дарови е бесмислено. Тоа е исклучиво во полза на функционерите (позиција, опозиција) и не носи ништо добро за гласачите“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања