Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира за прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Имено, без струја денеска од 8:30 до 15 часот ќе бидат жителите од скопското село Долно Соње, а од 12:00 до 14:00 часот жителите од скопското село Кучково.
Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Мите Богоевски“ во населбата Лисиче, а од 9:00 до 12:30 часот дел од жителите од улицата „Рилски конгрес“ во општина Кисела Вода.