„Без тортура и силување, по францускиот предлог ќе имаше избори - ако власта беше демократска“ - критики од Димовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Ageler-i-Eskobar-jpg

„Власта е свесна дека греши“, смета експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

— реклама —

Тој посочува: „Самото барање да се гласаат измени на Уставот, па да се оди на избори зборува јасно дека власта не е спремна да ја стави својата политика на испит пред граѓаните за тие да одлучат дали е добра...“.

— реклама —

Неговиот став во целост:

— реклама —

„Да беше власта демократска, а не наследство на тоталитарни политички структури и да беше власта спремна и способна да објасни пред граѓаните и да добие поддршка, а не да врши тортура и силување, веднаш после добивањето на т.н. француски предлог оваа држава ќе одеше на избори и немаше веќе до сега да изгуби повеќе од една година на нашиот идеализиран и замислен пат кон полноправно членство во ЕУ...

Помина времето во кое политичките одлуки се носеа во обвинителството и судовите, а судските и обвинителски одлуки се носеа во Владата... Токму оние што се најгласни против избори, се тие кои мислеа дека сите одлуки во оваа држава ќе се носат по волјата на нив неколку, а ќе се спроведуваат од правосудните органи... Избори имало брзо или не, оваа Влада ги троши своите последни неколку месеци, па затоа стравот од избори не им е корисна работа... Едноставно е, не трошете време на граѓаните и на Македонија да им објасните дека треба да направат нешто против својот интерес.... Македонија ќе оди кон ЕУ, но не со вас, туку со достоинство и зачувани македонски национални и државни интереси...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања