Без вакцина, ПЦР или прележан ковид, нема одење на работа во админситрација, предлага Комисија за заразни болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-17-at-10.19.01

Комисијата за заразни болести утринава со консензус донела одлука да предложи нови рестриктивни мерки до Владата, а со цел заштита од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека до Владата ќе предложи сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа за да одат на работното место, да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР тест не постар од 72 часа на своја сметка, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда дека не можат да примат вакцина поради здравствени причини.

— реклама —

Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

— реклама —

„Препорачуваме до овие мерки да се приклучат и приватните компании. Ова впрочем го докажува и писмото што ни го доставија и стопанските комори“, рече Филипче.

— реклама —

Тој вели дека овие мерки би стапиле во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а здравствените работници имаат рок од 30 дена за да се вакцинираат.

Освен тоа, Комисијата предлага да се ажурира процесот за контрола на сертификатите, од страна на МВР и на пазарниот инспекторат, односно преку достапните апликации и QR кодовите на овие апликации да се проверува дали сертификатите што ги приложуваат лицата се валидни.

„Пред нас е зимски период, сезона на грипови, настинки, има пациенти со други болести, не е само ковидот, и од тие причини не можеме да го оптеретуваме здравствениот систем и не може болниците да се занимаваат само со ковид пациенти“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања