Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ информира дека денеска ќе има прекина на водоснабдувањето во еден дел од Скопје.
- Поради промена на вентил во шахта на ул. Никола Вапцаров пред Ловечка Федерација, во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од ул. Димитрие Чуповски на потегот од ул. Македонија до Министерството за Правда, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“.
Прекинот ќе трае до завршување на техничките зафати.