Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-125 мм на ул.Ванчо Мицков 22 (нас. Нерези), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така, денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа ф-110мм над стариот резервоар во Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на викенд населба Љубанци, ул. 1 и ул.5.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот.