Регионалниот центар за управување со кризи - Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска дел од Општина Центар ќе остане без вода.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Атанас Каратошо бр. 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица (о. Центар), информираат од РЦУК.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.