Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Без возачка дозвола, пијани или со активна забрана – седум возачи приведени во едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc
Фото: ФБ / МВР

Во изминатото деноноќие, полицијата на повеќе локации во Македонија лишила од слобода седум возачи, а извршила и службени разговори со родители на двајца малолетници поради безобѕирно управување возило.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, четворица од приведените возачи управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за 17-годишник од Скопје, 21-годишна жена од селото Глуво, како и двајца 37-годишници од Тисовица и Черкези.

— реклама —

Службени разговори биле извршени со родители на двајца 17-годишници од Градско и селото Уланци, кои управувале мотоцикли без регистарски ознаки и без да се стекнат со право на управување.

— реклама —

Под дејство на алкохол возеле 40-годишник од Битола и 41-годишник од Охрид, кој претходно учествувал и во сообраќајна незгода. Полицијата го лишила од слобода и 25-годишник од селото Вирче, кој управувал патничко возило и покрај активната забрана за управување моторно возило.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

78-годишен пешак тешко повреден откако во него удрила „шкода“ во Скопје

Македонија | пред 19 минути

— реклама —
media-librarygl7rh4ipjtlb279ZYZ7

Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син, приведен турски државјанин во Скопје

Македонија | пред 19 минути

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Со оружје ѝ се заканувал на сопругата со која се разведува, приведен 56-годишник

Македонија | пред 21 минута

media-library442u516q70206nazeAm

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Тетово

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања