По неколку часа преговори во ФЗОМ, помеѓу претставници од Здружението на приватни лекари и Лекарската комора, се донесеа неколку заклуцоци.На матичен лекар и во аптека само со здравствена книшка и легитимација, а лекови не може да се земат ако не се запишани во здравствената книшка. Со легитимирање, со лична карта или пасош може да се подигнат лекови и за друг член на семеството. Евидентирањето на рецептите во здравствените книшки ќе важи во наредните три месеци како преодниот период додека не се воведе електронскиот рецепт. Со ова умира електронското здравство, лекарите стануваат писари, а пациентите се малтретираат, коментираат матичните лекари.
Бура од реакции кај матичните лекари за враќањето на стариот Правилник и повторното воведување на хартиениот дневник каде што треба да ги запишуваат сите издадени рецепти.
“Ние не сме администрација, лекари сме. Ист лек треба да запишеме на четири места, во здравствената книшка, во картонот на пациентот и во електронскиот систем(дневник) на Мој Термин, а сега и во хартиениот дневник. Имаме пациенти, хронични, многу болни со по десетици лекови и сето тоа треба да се запише на повеќе места. Па, болниот ќе падне и ќе колабира додека чека“, изјави за НОВА , Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.