Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Безбеден град“ фатил Србин со 166 км/ч, по три месеци подоцна го уапсија на Табановце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2hjl356e3oicfajUMMW
Илустрација / Скопје1

Српски државјанин бил уапсен на граничниот премин Табановце, откако полициската проверка покажала дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како возач кој на автопатот Гевгелија – Демир Капија управувал автомобил со брзина од 166 километри на час, на делница каде што дозволената брзина е 80 километри на час.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 39-годишниот М.П. од Србија, кој бил лишен од слобода вчера, на 23 октомври, околу 16 часот, при обид да ја напушти Македонија.

— реклама —

При проверката на автомобилот „баик“, со српски регистарски ознаки, полицијата утврдила дека возачот бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Прекршувањето било регистрирано на 15 јули годинава, кога осомничениот се движел со 86 километри на час над дозволената брзина, односно повеќе од двојно побрзо од ограничувањето на таа делница.

— реклама —

По приведувањето, српскиот државјанин бил спроведен и задржан во Полициската станица Неготино, а за случајот бил известен јавен обвинител.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 51 минута

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 59 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 2 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања