Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

„Безбедна младина, посигурна иднина“ - НАТО Караванот денеска во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
makedonija-NATO

„Безбедна младина, посигурна иднина" е темата на која ќе се дебатира денеска со студентите од Универзитетот ФОН во Скопје во рамките на НАТО-карванот, а како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.

Според најавите, говорници на дебатата ќе бидат претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на Велика Британија во Скопје, Рејчел Галовеј.

— реклама —
— реклама —

Организаторот сака да поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идејата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата што НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

— реклама —

Инфоцентарот за евроатлантски интеграции е проект што го спроведува Граѓанската асоцијација МОСТ со поддршка од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Холандија, Британска амбасада Скопје и Министерството за надворешни работи на Македонија./МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања