Деновиве во медиумите беше објавено дека Кам маркети по одлука на раководството, зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка над 800 денари.
Денес директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.
„Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови“, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.