Безусловна љубов на грбот на мајката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
majka-dete

Принципите на природното родителство само делумно потсетуваат на старите семејни вредности, кога најмладите биле опкружени со љубов и внимание.

— реклама —

Популарната теорија на американскиот педијатар др. Вилијамс Сирс за природното родителство го освои светот, а овој вид воспитување посебно е популарен на Западот. Тој се сведува на најцврстата врска меѓу мајката и детето, со целосно разбирање на потребите на детето.

— реклама —

Постојано слушаме дека мајчиното млеко е незаменлива храна за бебето, така што пожелно е да го доите детето што е можно подолго, но фотографијата објавена во списанието „Тајмс“, на која мајката го дои четиригодишниот син неодамна отвори нови полемики.

— реклама —

Многу експерти не сметаат дека малите луѓе сигурно ќе бидат добри и здрави кога ќе пораснат доколку мајката ги дои со години, ги носи на раце наместо да ги вози во количка, спие со нив во креветот… Принципите на природното родителство само делумно потсетуваат на старите семејни вредности.

Сепак не е докажано дека вака воспитаните деца емотивно се постабилни и позрели. На пример во најсиромашните земји мајките долго ги дојат децата, бидејќи немаат да им дадат друга храна, спијат со нив поради недостиг на кревет и ги носат бебињата на грбот и на градите, бидејќи нема кој друг да ги чува. Но и таквите деца подоцна можат да имаат проблеми во однесувањето.

И обратно многу деца имаат здрав емоционален однос со мајката, иако од првиот ден спијат во своја соба и се ранети исклучиво со адаптирано млеко.

За мајките и татковците природното родителство е многу понапорно, а притиснати од обврските во современото општество, се чувствуваат фрустрирани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања