Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал, поради маската со Исус и крстот од пивски гајби.
„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.
По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, велат од Бигорски манастир во реакцијата.
(Видео) Вевчанските маски пред палење, верските чувства зовриени: Пред 11 години им се налутија муслиманите, сега православните
Маските пред палење, но лошите духови остануваат. Албанците реагираат за кечето на маската со која вевчанци го претставија „новиот директор на М-НАВ“, православните верници на маската со Исус и крстовите од гајби пиво. Двете страни се револтирани од овогодинешните маски на Вевчанскиот карневал. Албанците реагираат со ставот дека „кечето е свето за нас“, а православните со „ова е сквернавење на Бог“. Реакции од верници за Вевчанскиот карневал нема за првпат, кога пред 11 години пародиите со Куранот донесоа хаос во Струга.Организаторите не се изјасниле, ниту извиниле за сатирата со крстот од пивски гајби и маските со Исус, иако на социјалните мрежи атмосферата е зовриена. Молк и од градоначалникот Спасе Кочовски. Маската пак, и натаму се коментира. Но нема реакција ниту од Македонската православна црква, иако се бараше да излезат со осуда.Повредени верски чувства имаше и кај муслиманите пред 11 години. Тогаш, маска со Куранот, беше протолкувана како исмејување на исламот, наместо како сатира. Имаше протест и редица инциденти – сѐ до смртни закани до православните. Од овој момент, беше воспоставена пракса да нема маски со кои можат да се протолкуваат како навредливи кон верските чувства.[caption id="attachment_275016" align="alignnone" width="910"] Маската на Вевчански карневал која ги разгоре верските чувства кај муслиманите / ФОТО Дојче Веле[/caption]Од каде идејата одново да се воспостави лошата пракса која буди остри негативни реакции кај верниците со ваков вид сатира, нема став од органиазторите. Јасно е само дека целта не била навредување на православието, туку сатирично отсликување на реалноста.Попладнево, околу 18 часот, во центарот на Вевчани ќе се запалат маските.
Македонија | пред 2 години