Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица во изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bigorski

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица, двата најпосетувани манастирски центри на МПЦ-ОА, од синоќа практично се затворени за верници, но молитвите и литургиите се одвиваат, а монасите и монахињите ги посветуваат на што поскоро решавање на целата ситуација со коронавирусот,објави Религија.мк

-Сите сме добри. Нема никаква паника, туку пред се со надеж во Бога и доверба во државните институции, молитвите непрестајно се одвиваат. Се молиме за сите, за спасение. Нема потреба од никаков страв, едноставно да останеме смирени и да ја држиме надежта и да ги охрабриме сите заедно да се молиме за сите, велат монасите за религија.мк.

— реклама —

Ако некој планирал да патува во Бигорски или Рајчица, подобро да го одложи патувањето затоа што на последниот пункт кај мавровската брана ќе биде вратен назад. Манастирот Свети Ѓеорги Победоносец во Рајчица практично е во карантин бидејќи се наоѓа на влезот од градот Дебар. Забранет е секаков влез и излез од манастирот.

извор: Религија.мк

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања