„Билборд“ ја прогласи Ариана Гранде за жена на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
ariana-grande

Музичката индустрија годинава и оддава признание на Аријана Гранде. „Билборд“ ја именува 25-годишната пејачка за жена на годината.

— реклама —

Во изјава, заменик претседателот на „Билборд“, Рос Скарано, посочува дека „Гранде постојано се залага за себе и за нејзините одлуки во свет кој често не е наклонет за таква сила кај млади жени”.

— реклама —

Во изминатата година, Аријана Гранде се најде на топ 40 листата на „Билборд“ со хитови како „No Tears Left To Cry”, „Breathin“ и „God Is A Woman”.

— реклама —

Лани таа помогна да се организира концертот „Една љубов Манчестер“, собирајќи повеќе од 23 милиони долари за жртвите од масакрот во Манчестер.

Наградата на Аријана Гранде ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк, на 13. церемонија Жени во музиката во организација на „Билборд“. Меѓу претходните добитнички на признанието се Тејлор Свифт, Лејди Гага, Мадона и Селена Гомез.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања