Промени тема
Контакт

Билбордот кој требаше да биде нашата визит-карта, заврши онаму каде што припаѓаат сите вакви „ремек-дела”-на буниште, вели Цаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-library5o6570cbpi188nvVYGr

Катерина Цаневска, член на Советот на Град Скопје, остро реагираше за билбордот кој беше поставен на влезот на Скопје.

Според Цаневска, билбордот, кој требаше да биде новата визит-карта на главниот град, завршил „онаму каде што припаѓаат ваквите ремек-дела – на буниште“.

— реклама —

„'Скопје 2026': Град во кој коњите имаат пет нозе, а администрацијата – ниту една (визија). Успеавме да го срушиме рекордот, со помош на вештачката интелигенција го прескокнавме и законот за физика и биологија.

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој требаше да биде нашата нова визит-карта, заврши онаму каде што припаѓаат сите вакви ,,ремек-дела”-на буниште. Толку од првото дело од „Скопје 2026”. И тоа само неколку дена откако го видовме Букефал како самоуверено чекори на пет нозе, веројатно за да биде постабилен.

— реклама —

Најтажно во целата приказна не е што некој платил наши пари за „дизајн“ од рангот на првоодделенец, тажно е што никој не се ни потруди да погледне што е испечатено пред да се крене на билборд. Но, зошто да се заморуваме со факти, кога можеме да им веруваме на алгоритмите и веднаш да се искористи за ПР.

— реклама —

Сепак, да бидеме фер: билбордот беше најточниот приказ на Скопје досега. Искривен, нелогичен, измислен и целосно отсечен од реалноста.

Барем да ни биде ова добра лекција“, наведува Цаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqbd711ajlsod0GY7oVF

Ѓорѓиевски се огласи по реакциите за билбордот: Скопје доби нов знак, корекцијата не го чини градот ништо“

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања