„Билд“: Германски авион оди по Навални

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
navalni

Авион со тим специјализиран за лекување пациенти во кома ќе полета вечерва од Германија за да го пренесе рускиот дисидент Алексеј Навални, пишуваат германските медиуми.

— реклама —

Навални беше хоспитализиран рано утрово под сомнение за труење, а во моментот е во кома и се бори за својот живот во болница во сибирскиот град Омск.

„Авионот за итна помош со специјалисти за пациенти во кома ќе полета вечерва“, изјавил за „Билд“ претседателот на германската невладина организација „Синема фор пис“, Јака Бизиљ, германски активист, роден во Словенија.

— реклама —

„Ако Навални е во можност да го стори тоа утре наутро, авионот веднаш полетува за Берлин. Неговата сопруга ќе лета со него“, додал тој.

Операција од сличен вид беше организирана и во 2018 година за челнови на контроверзната руска група „Пуси рајот“.

Денеска, и францускиот претседател, Емануел Макрон, и неговата германска гостинка, канцеларката Ангела Меркел, официјално понудија помош на рускиот опозициски лидер.

извор: Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања