Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Битиќи: Февруари ќе биде покриен со плати, а другото зависи од пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bitiki

Февруари ќе биде покриен со плати, а за другото одговорoт треба да го дадат пратениците во Собранието. Јас знам како би постапил да сум на нивно место, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој очекува дека наредната недела за кога е закажана собраниската седница, законите за економските мерки да бидат донесени и дека граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат поддршката, објави МИА.

— реклама —

-Мислам дека тоа е научена лекција. Време за политика ќе има кога ќе живееме малку подобро, без притисок на здравствената криза. Затоа сметам дека за една недела или десет дена законите ќе бидат донесени и помошта ќе стигне до сите на кои им е потребна, нагласи вицепремиерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на економски форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19?.

Според него, треба да се работи и натаму на нови законски решенија, нови мерки и заеднички политики. Притоа, треба да бидеме паметни како да го намалиме јазот меѓу сиромашните и богатите, а даночната политика не е секогаш единствениот рецепт.

— реклама —

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања