Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Битиќи: Ќе треба да скратиме од пензиите и од оброците на студентите ако ги зголемиме платите во здравството и во Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Зачестените протести и најави за нови протести за поголеми плати во здравството и судството не го менуваат значително ставот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој вели дека платите може да се зголемат, но доколку се понудат квалитетни услуги, а притоа да се води сметка покачувањата да им не нанесат штета на другите.


„Јас и министерката за труд и социјална политика сме вклучени во речиси сите преговори со сите страни. И немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравството, притоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судството и во Обвинителството ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме сѐ, само да не биде на штета на другите. Притоа треба да не заборавиме дека ако го зголемиме фондот за плати во здравството, во Обвинителството, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите“, вели вицепремиерот Битиќи.

— реклама —

За петок протести најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ). Протестот ќе биде пред Собранието оти тогаш пратениците ќе разговараат за предлог-буџетот за 2024 година. Ќе протестираат вработените во судовите и во обвинителствата, а вчера и вработените во Фондот за здравство најавија дека ќе се приклучат. Поканети се и сите други синдикати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања