Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Битиќи: Ќе треба да скратиме од пензиите и од оброците на студентите ако зголемиме плати во здравство и обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Зачестените протести и најави за нови протести за поголеми плати во здравството и судството не го менуваат значително ставот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој вели дека платите може да се зголемат, но доколку се понудат квалитетни услуги, а при тоа да се води сметка покачувањата да не нанесат штета на другите.

— реклама —

„Јас заедно со министерката за труд и социјална политика сме вклучени во скоро сите преговори со сите страни. И немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство при тоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако при тоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме се само да не биде на штета на другите. При тоа треба да не заборавиме ако го зголемиме фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите“, вели вицепремиерот Битиќи.

— реклама —

За в петок протести најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). Протестот ќе биде пред Собранието оти тогаш пратениците ќе разговараат за Предлог – буџетот за 2024 година. Ќе протестираат вработените во судовите и обвинителствата, а вчера и вработените во Фондот за здравство најавија дека ќе се приклучат. Поканети се и сите останати синдикати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања