„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Битиќи на Глобалната недела на претприемништво – За прв пат во земјава ќе креираме Стратегија за развој на стартап екосистемот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ZPVRSM-Bytyqi-GEW-2020

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија“, а кој се одржа преку видео конференциска врска.

— реклама —

Во своето воведно обраќање Вицепремиерот Битиќи истакна дека развојот на претриемнишвото и стартап заедницата е приоритет и ја потврди заложбата на Владата за континуитет во спроведување на политики со кои и понатаму ќе се развивааат услови за поддршка на претриемништвото, стартап и спиноф компаниите.

„Верувам дека должност на Владата е да создаде можности и погодна средина за претриемништво и за стартап компаниите, а на вас да го извлечете најдоброто од тоа. Во изминатите 3 години, од 2017 до 2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој поддржа околу 550 компании, половина од нив се стартапи, со вкупен инвестициски циклус од 75 милиони евра. Мислам дека ова е неверојатно добар напредок, но ќе работиме да биде уште подобро“, посочи вицепремиерот пред лицата кои го следеа настанот.

— реклама —

Битиќи укажа дека на една од последните Владини седници беше усвоен Предлог буџетот за 2021 година, а за следната година се проентирани околу 17,5 милиони евра, односно за околу 2 милиона евра повеќе во однос на 2020 година, за реализација на програмите и мерките кои се спроведуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

„Задоволен сум што ќе бидам првиот што ќе може да ја сподели со вас информацијата за процесот што ќе го започнеме, а тоа е, за прв пат во нашата земја, ќе се изготви Стратегија за развој на стартап заедницата, за чие создавање ќе бидеме среќни доколку учествуваат и самите претриемачи, односно основачи на стартапи . Постојано зборуваме дека нашата главна цел е да ја направиме Северна Македонија регионален стартап хаб, а тоа ќе го сториме заедно, преку инклузивен процес на градење на стратегијата, градејќи политики што ќе ви овозможат да растете и да се развивате“, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи нагласи дека претриемачите треба да знаат дека во Владата имаат искрен и посветен партнер кој ќе ги поддржи во нивните идни активности.

Глобалната недела на претриемништвото се одбележува од 16-22 ноември и се случува истовремено во 170 земји ширум светот, а поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон подобрување на условите за развој на претприемништвото. Цел на оваа еднонеделна иницијатива е промоција на претприемништвото, зајакнување на партнерствата и остварување нови бизнис релации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања