Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Битиќи на работен состанок со делегацијата на германското стопанство: Усогласувањето со европската регулатива ќе создаде додадена вредност за економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со претставници на делегацијата на германското стопанство (АХК) во земјата, на кој се зборуваше за повеќе теми и прашања, а кои се поврзани со унапредувањето на деловното работење на германските компании.

На состанокот се зборуваше за потребата за хармонизација на царинската регулатива со таа на Европската Унија (ЕУ), при што беше оценето дека е од голема важност за понатамошно олеснување на работењето на извозно ориентираните производствени компании.

— реклама —

„Создавањето инклузивно и динамично деловно опкружување, кое ќе води кон одржлив економски раст и развој, бара конзистентно следење, односно усвојување на европските стандарди и регулативи во делот на царинските тарифи. Хармонизацијата со европските царински тарифници во делот на основните суровини, кои се употребуваат во производството, може да ослободи додадена вредност во нашата економија“, рече вицепремиерот Битиќи.

— реклама —

Либерализацијата на пазарот на работна сила беше уште една од темите за која стана збор на работниот состанок со претставниците на дел од германските компании што имаат инвестирано во земјата, при што вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата ја препознава оваа потреба со која се соочуваат како домашните така и странските компании за што донесе и одлука да ја зголеми квотата на работни дозволи за странци.

— реклама —

„Со цел олеснување на пристапот на домашните и странските компании во земјата до квалификувана работна сила, која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, информира вицепремиерот Битиќи, притоа истакнувајќи ја подготвеноста преку дијалог со стопанството да се продолжи во насока на понатамошно олеснување на достапноста на квалификувана работна сила и олеснување на процедурите.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста од водењето отворен и конструктивен дијалог преку работни средби, како оваа што се одржа со АХК, со странските компании што имаат инвестирано во земјата затоа што, како што оцени тој, тоа води кон поттикнување на економскиот раст и развој и создавање можности за достоинствено платени работни места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања