Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи одржа работен состанок со претставници на повеќе од 30 странски компании членови на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Северна Македонија.

— реклама —


На состанокот кој се одржа во компанијата „Амфенол“, во Кочани, се дискутираше за повеќе актуелни економски прашања и владини политики кои директно влијаат на работата на странските компании во земјава.

— реклама —


— реклама —

Битиќи нагласи дека владата покажува инклузивност и конзистентност во креирањето на економски стратегии и политики кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на економијата и создавање на цврсти основи за нејзин одржлив раст и развој, процес во кој неизоставен дел се и странските компании.


Зборувајќи за унифицираноста на политиките за финансиска поддршка на нови инвестиции, вицепремиерот Битиќи пред претставниците на странските инвеститори најави нивно дополнително системско зацврстување преку измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

— реклама —

„Она што успеавме да го изградиме, да ви овозможиме „One stop shop“ за вашите инвестиции, согласно Законот за финансика поддршка на инвестициите и да добиете 100% исплата, од наредната година системски ќе биде втемелено. Подготвуваме измени на Законот со кои дополнително ќе добите предвидливост на деловното опкружување во земјава, односно ќе се воведат законски одредби со кои ќе може да очекувате 100% испалата на финансиска поддршка. Тоа нема да зависи од ничија политичка волја или одлука“, порача Битиќи.


Дуалното образование и пристапот до квалификувана работна сила беше уште една од теми кои се отворија на состанокот, а за што заеднички беше оценето дека преку дијалог треба да се дојде до олеснување на постоечките законски и административни процедури во насока на олеснет пристап до квалификувана работна сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања