Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Нема да дозволиме нефер практики во трговијата да предизвикуваат штета на потрошувачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

— реклама —


На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбените продукти и постоењето можности за присуство на трговски практики, кои, освен што ги нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

— реклама —


— реклама —

Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата, кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.


„Постојат реални околности, кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите и ова нема да го дозволиме“, посочи Битиќи.

— реклама —

Заеднички на состанокот беше констатирано дека е потребно почнување постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а во согласност со законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби, кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања