Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Ова е нашето СДСМ, кое ветува, работи и сработува за сите наши граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска се обрати на трибината, дел од караванот „Силно и одлучно“ која се одржа во Ранковце.

На почетокот на трибината потпретседателот Битиќи зборуваше за отпочнувањето на градбата на источниот дел од железницата на Коридор 8.

— реклама —

„Денеска доаѓам од настан со кој одбележавме почеток на градба на железницата на Коридор 8.

Поточно источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово - Бељаковце - Крива Паланка. Неодамна започна нашето поврзување со Европската Унија и нејзините членки и институции со отпочнување на преговорите. А денеска одбележуваме инфраструктурно поврзување преку започнување со изградба на железничкиот Коридор 8.

— реклама —

Проекти за кои се зборува години наназад, почнуваат да се реализираат. За ова СДСМ зборуваме денеска. За СДСМ кое ветува, работи и сработува за сите наши граѓани.“ – изјави Битиќи

— реклама —

Оваа инвестиција на Северна Македонија и отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина, а изградбата на оваа железничка ќе е посебно важна за источниот регион од земјава.

Потпретседателот Битиќи потсети и на важноста на подобрувањето на целокупната инфраструктура.

— реклама —

„Регионалниот пат Ранковце - Крива Паланка е завршен. А последните неколку години се изградени или рехабилитирани неколку локални патишта.

А се гради и експресниот пат Ранковце - Крива Паланка. Ова се инфраструктурни проекти од над 60 милиони евра во овој регион.“ – истакна Битиќи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања