Битиќи: Сѐ уште траат консултациите за содржината на четвртиот сет мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Сè уште е во процес на консултации како ќе изгледа и што ќе содржи четвриот сет економски мерки за помош на граѓаните погодени од корона-кризата, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој е задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

— реклама —

Четвртиот сет мерки е наш приоритет од првиот ден на формирање на Владата и веќе имаме консултации со сите чинители. Да се помогне и во секторите во коишто претходно немаме дадено помош, а тоа е директно поврзано со образовните процеси, згрижување на децата во претшколска возраст“, рече Битиќи.

— реклама —

Тој на неговата прва прес-конференција како вицепремиер изјави дека во следните четири години ќе се заложи да го направи подобар животот на граѓаните.

— реклама —

„Овие четири години заедно ќе градиме држава и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава“, рече Битиќи.

Тој рече дека во процесот за справување со економските последици од коронавирусот ќе цели кон креирање  работни места бидејќи тоа не се бројки туку човечки животи и судбини.

„Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Заедно да креираме платформа за економски развој на државата“, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Битиќи изјави дека Македонија за борбата против коронавирусот има издвоено вкупно околу 550 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања