Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Битиќи: Системски се решаваат проблемите во инфраструктурата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

За прв пат се системски поставени работите за решавање на проблемите во инфраструктурата, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Битиќи изрази жалење што во минатото некој што бил на позиција и требало да креира систем за непречено функционирање на инфраструктруни проекти тоа не го правел.

— реклама —

Очигледно полтичарите гледале од избори до избори, кога ќе се направи паралелен систем кој не е на Илиднеска,тогаш не може да се очекуваат брзи решенија. Претходната власт имаше паралелен систем, нагласи Битиќи.

— реклама —

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека железницата на коридорот 8 оди според проекциите.

Таа е влезена во паневропскиот коридор на правци, обезбедени се финансиските средства, избрани се компании за две делници, по низа години се гради на двете страни, роковите се стриктни, нема отстапување од коридорот 8 и на исток и на запад, истакна Битиќи.

— реклама —

Битиќи истакна дека сите изведувачи на патниот правец Кичево – Охрид имаат краен рок да го завршат до 31.12.2023 година.

— реклама —

За патниот правец Кичево-Охрид имаше 130 неодобрени проекти, немало проекти, земјиштето не било трансформирано ни ескпропроирано. Завршена е приказната за седнување по кафани и барање уште една година продолжување на рокот, рокот е 31.12.2023 година, ако не се почитува некој ќе сноси сериозна одговорност, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека во тек се сите подготвки за патните правци Тетово – Гостивар, Гостивар - Букојчани, Требеништа - Струга и автопатот Прилеп - Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања