Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Битиќи: Со пакетот економски мерки опфатени се сите, вклучително и оние што претрпеа загуби во март

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
BITIKI0

Со двата пакети мерки за помош во економијата што ги обезбеди Владата, опфатени се сите стопански субјекти кои претрпеа одредени загуби и во март, објасни Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, во денешното гостување на емисијата „Детектор“, на телевизијата Сител.

„ За месец март не се изоставени компаниите коишо беа директно погодени и со Уредба на Владата мораа да престанат да работат. Со првиот сет на мерки беа директно таргетирани тие што беа на удар на кризата. Обезбеди се кредити,  обезбедено е субвенционирање на приходи,  ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка и други даноци“, објасни Битиќи.

— реклама —

Тој нагласи дека сите други компании, надвор од четирите најпогодени сектори во март, може имале одредени импликации во март, но тие се незначителни и тоа се гледа и од приходната страна во Буџетот.

„Во јавноста зборуваме само за директно вбризгување на пари, 200 милиони директни пари што ќе се вбризгаат во реалниот сектор. Но, мора да ги земеме предвид и сите даночни олеснувања, како и субвенционирањето на придонеси, по што  ќе дојдеме до многу поголема сума на средства како помош за стопанството“, нагласи Битиќи.

— реклама —

Тој додаде дека ги слушаат барањата на стопанството, по што не се исклучува можноста одредени мерки да се дополнат, но и да има нови.

Осврнувајќи се невработеноста Битиќи истакна дека бројот на граѓаните што останале без работа во овој период е незначителен.

Според последните податоци на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија без работа останале 2.500 лица, односно 0,25% од вкупниот број на вработените. Оваа бројка е незначителна и е карактеристична за нормални услови за работа, а не за време на криза, нагласи Битиќи.

фото: Детектор

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања