Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Битола ќе добие парно греење – почнува да се гради топловодната мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


После 40 години очекувања, топловодот од РЕК влегува во Битола со што градот добива топлификациски систем.

— реклама —


— реклама —

Денес во Битола, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов заедно со премиерот, Димитар Ковачевски, директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров и други претставници на Владата и АД ЕСМ, беа дел од настанот со којшто се одбележаа завршувањето на градежните работи на топловодот од РЕК Битола до Битола и почетокот на активностите за изградба на топловодната мрежа во Битола.

— реклама —


„Овој капитален проект станува реалност после 40 години, посакуван откако е изграден РЕК Битола“, посочи во своето обраќање премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека „по своето значење и големина овој проект се свртува во рангот на изградбата на РЕК Битола, на Стрежево и други капитални објекти од суштинска важност за Битола.


„Проектот се реализира со 39 милиони евра поддршка на германската KFW банка, како и дополнителни 7 милиони евра сопствени средства на АД ЕСМ и ќе донесе бројни придобивки коишто ќе ги почувствуваат сите граѓани. Интензивно се работи од 2021 година и системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година“, додаде премиерот Ковачевски.


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов нагласи дека граѓаните на Битола ќе добијат парно од РЕК Битола, со што ќе се намали потрошувачката на струја и ќе се намалат сметките за затоплување на институциите и домовите и посочи на еколошките придобивки од топлификацијата.


„Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите“, додаде директорот Стефанов.


„АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја, којашто произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија“, нагласи директорот Стефанов.


Директорот на ДООЕЛ Топлификација Битола, Горан Козаров посочи дека „Битола добива топлификациски систем којшто е проектиран да работи и независно и да обезбедува топлинска енергија од 100 MW“.


Завршувањето на изградбата на трасата на топловодот од РЕК Битола до Битола, како што рече директорот Козаров, продолжува по битолските улици и во следните 18 месеци, низ Битола е предвидено да бидат изградени 10,5 километри топловод.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања