Не стивнуваат објавите на социјалните мрежи против пратениците кои во петокот гласаа „За“ одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа. Битолчанец на својот твитер профил ја објаснува својата, а и емотивната состојба на голем број Македонци.
„Ко умрен незакопан сум, отруен во душа, грло ми се стега, солзи ќе прснат, срце ќе ми пукне. Ме убија со нивните предавнички дела – недела. Јаз’к !“, пишува тој
https://twitter.com/AcoMalio/status/1053907312858091521
„Ех мори €лиЗАб€та, затоа ли мрзневме по митинзи, затоа ли пукаа во нас со гумени куршуми, солзавци, шок бомби ?! Ни се помоча нас и на цела македонска историја ! Ќе те стигни и тебе пискотот на угнетените ! Ќе те јаде одвнатре секоја наша солза таговна !“, напиша битолчанецот.