„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Битолчани му ги вратија автобусите на Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
star-avtobus

Општина Битола донесе одлука да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз. Согласно одредбите од договорите, даден е отказен рок од три месеци, во кој период повторно ќе се организира повик за општинскиот линиски превоз, информираат од општината.

— реклама —

„Постоечките договори за линиски превоз имаат член кој што овозможува било која страна, дали Општина Битола или самите превозници во отказен рок од три месеци, предвремено да ги раскинат договорите. Општина Битола во текот на вчерашниот ден пушти допис до сите превозници, со кој што запона периодот на предвремено раскинување на договорите. Во следниот период она на што работиме е подготовка на нов повик, кој што ќе биде дефиниран со нови критериуми, кои ќе поминат на седница на Совет. На тоа работи цела комисија во Општина Битола, се одржуваат и контакти со превозниците. По сите анализи, ќе се одредат критериумите во интерес на многу поорганизиран и подобар певоз во Општина Битола“, изјави градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

— реклама —

Општина Битола, се додава во соопштението останува на ставот дека ќе им ги рефундира средствата на учениците, по веќе одредените законски одредби.

— реклама —

„На учениците им беше кажано да ги чуваат билетите, а и на директорите им беше соопштено, дека билетите им се потребни на учениците за да докажат дека користеле јавен превоз за да дојдат до образовните институции. Се друго останува нешто што не може да се покрие согласно законските одредби, така што би рекла дека не е точно дека учениците не беа информирани. Им беше кажано и на директорите, директорите им кажаа на учениците, а колку тие биле педантни во чувањето на билетите, не би можела да кажам. Меѓутоа, само така може да се изврши рефундирање, за да не бидат злоупотребени средства од буџетот на Општина Битола“, посочи Петровска.

На новинарско прашање каде се автобусите кои од ЈСП Скопје и беа позајмени на Општина Битола, Петровска одговори дека тие автобуси беа позајмени, со цел да се одговори на потребите во тој критичен период.

„По надминувањето на таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме по договор како што го имавме при самото однесување на автобусите“, истакна Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања