33-годишен битолчанец е лишен од слобода поради сомнение дека физички ги нападнал својата сопруга и нејзиниот татко.
Од МВР информираат дека на 17 септември во 23:30 часот полициски службеници од СВР Битола го привеле И.Ш. (33) од Битола по пријава за физички напад врз неговата 36-годишна сопруга и нејзиниот татко.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.