Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра, за ублажување на последиците од најголемата светска економска и енергетска криза даваат резултати за спречување на ценовниот шок и заштита на стандардот на граѓаните, вели СДСМ

„Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Само со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

— реклама —

Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Просечно 300 денари заштеда месечно за домаќинствата обезбедува намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата.

— реклама —

Истовремено, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат помош од 1.000 денари месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедна е поддршка на ранливите граѓани.

— реклама —

Во време на огромна криза, Владата предводена од СДСМ, го користи секој расположлив денар од буџетот за поддршка на граѓаните и комапниите.

СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања