„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Благодарение на донација, болницата „8-ми септември“ доби хипербарна комора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library61dm9nc1gjpfesy2dIq

Премиерот Христијан Мицкоски изрази благодарност до Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за донацијата на медицинска опрема на болницата „8 Септември“, оценувајќи ја како значаен придонес за македонското здравство и пример за општествена одговорност.

— реклама —

„Да се заблагодарам на Фондацијата ‘Д-р Верица Механџиска’ за оваа донација којашто ја овозможи за болницата ‘8 Септември’. Многу значи, тоа е додадена вредност и единствена од ваков тип во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека ваквите иницијативи се доказ дека дел од компаниите не се фокусираат само на своето тековно работење, туку и на придонес кон заедницата.

— реклама —
media-library1utojm8racmr4CVcCiM

„Директорот кажа која е намената на оваа опрема и навистина јас сум исклучително благодарен што имаме вака општествено одговорни компании коишто на овој начин покажуваат само дека покрај тековното работење на компаниите, тие треба да бидат и општествено одговорни, и со самото тоа да направат подобри услови за живот на граѓаните во Република Македонија. Немам што повеќе да додадам од тоа што го кажаа и министерот и директорот. Јас би сакал помалку пациенти коишто ќе имаат потреба од типот на изгореници, а повеќе пациенти од делот на спортот и слично коишто би ја користеле истата. Но, животот е таков, не знаеме што може да се случи, но сепак да се има една ваква опрема е само додадена вредност за здравствениот систем во Македонија“, истакна Мицкоски.

Со оваа донација, болницата „8 Септември“ доби специјализирана опрема што ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги, особено во третманот на пациенти со изгореници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

policija-policaec

Возач во пијана состојба предизвика тешка сообраќајка во Скопје

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања