Благоев: БПЦ ќе биде принудена да ја признае МПЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
goran-blagoev-678x381-1

Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато, вели за БНР црковниот аналитичар и историчар д-р Горан Благоев.

— реклама —

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Благоев, шансите за тоа се пропуштени. Тој оценува дека речиси никој во православниот свет нема да биде импресиониран од претензиите на Бугарија за името Охридска архиепископија.

— реклама —

Благоев смета дека во последните години Бугарската православна црква се покажала со многу низок авторитет во семејството на православните цркви и, ако Светиот синод на БПЦ сметал дека имало причина, можел итно да реагира со порака до сите помесни православни цркви, да ги бранат своите историски права на ова име. Ако не го стори тоа, православниот свет ќе го прифати она што го диктира и одредува Цариградскиот патријарх. Во црквата, како и во политиката, работите не се случуваат секогаш како што сакаме, вели Благоев. Она што се случи со МПЦ, според него, е очекувано, особено откако Бугарската православна црква во 2019 година одби да се заложи да го поддржи решавањето на македонскиот црковен случај. Откако бугарскиот синод немаше ниту овластување ниту потенцијал да го стори тоа, работите природно дојдоа до она што се случи вчера – српскиот патријарх Порфириј во Скопје објави дека СПЦ и дава автокефалност МПЦ-ОА.

— реклама —

Благоев коментира и дека „македонска црква била воспоставена како анти-српска, но за жал, властите на Тито многу бргу ја претвориле во инструмент на анти-бугарско однесување“. Пристапот и односот на Бугарија во однос на ова прашање, според него, треба да биде многу деликатен, бидејќи Софија веќе огорчила доволно луѓе во Македонија со блокадата на влезот на земјата во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања