Промени тема
Контакт

Благој Веселинов е меѓу најдобрите европски актери во подем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Iscelitel_Still_1-1078x516

Македонскиот актер Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“, која ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Наградата се доделува на најдобрите европски актери во подем.

Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на фестивалот, кој годинава ќе трае од 8 до 11 февруари.

— реклама —

Во одлуката на жирито пишува дека Веселинов ги освоил со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Иселител“ („Secret Ingredient“).

Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.

— реклама —

***

— реклама —

Благој Веселинов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој учествувал во повеќе од 50 театарски претстави и 15 филмски улоги, почнувајќи со „Како да ме нема“. Но, тој е најдобро познат по улогата во наградуваниот филм на Ѓорче Ставрески „Исцелител“ (2017). Веселинов е исто така дел од Македонскиот народен театар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања