Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Блеска Ѓуретановиќ: Двојна круна на Државното првенство на 100 и 200 метри слободно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Спорт
media-library42m59onoco4pc5sNFY8

Најдобриот македонски пливач Никола Ѓуретановиќ продолжува со одличните настапи, откако изминатиот викенд доминираше на Летното национално првенство на Македонија, настапувајќи за клубот „Вардар 2018“.

— реклама —

Македонскиот олимписки претставник од Летните олимписки игри во Париз 2024 ги освои титулите државен првак во дисциплините 100 и 200 метри слободно, потврдувајќи дека се наоѓа во одлична натпреварувачка форма.

— реклама —

Особено импресивен беше неговиот настап на 100 метри слободно, каде што по вторпат за само една недела исплива нов личен рекорд од 52 секунди и 13 стотинки.

Ѓуретановиќ настапи и во три штафетни трки, а во дисциплината 4×100 метри мешано беше поставен нов апсолутен државен рекорд.

— реклама —

Со овие резултати, македонскиот пливач најавува успешна сезона, а неговиот главен фокус до крајот на годината ќе биде настапот на Европското првенство во Париз и Медитеранските игри во Таранто, Италија.

— реклама —

Подготовките на Ѓуретановиќ продолжуваат во Нови Сад, додека долгорочната цел останува обезбедување норма за настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања