Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Блинкен пристигна во ненадејна посета на Зеленски, а со него и дел од американскиот пакет помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Киев објави дека дел од новиот пакет помош од САД веќе пристигнал во Украина и дека наскоро се очекува да пристигнат уште пратки.

Блинкен ова го изјави на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, каде претходно денеска пристигна во ненајавена посета.

— реклама —

„Помошта ќе направи вистинска разлика во тековната борба против руската агресија на бојното поле“, рече тој.

— реклама —

Зеленски ја пофали „клучната“ помош на САД и посочи дека најголемиот дефицит на украинско оружје е противвоздушната одбрана, пренесува Ројтерс. Тој му истакна на Блинкен дека на Украина и се потребни две батерии за противвоздушна одбрана за североисточниот град Харков, кој е цел на руски воздушни напади.

Блинкен ја прави својата четврта посета на Украина од почетокот на војната во 2022 година, а целта на посетата е да го увери Киев дека има американска поддршка додека се бори да се одбрани од сè поинтензивните руски напади. Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара со украинските претставници „ситуацијата на првата линија, влијанието на новата безбедносна и економска помош на САД, долгорочните безбедносни и други обврски и охрабрувањето на економското закрепнување на Украина“, пренесува АП.

— реклама —

Посетата на Блинкен дојде помалку од еден месец откако Конгресот го одобри долго одложуваниот пакет помош со кој беа наменети 60 милијарди долари помош за Украина, од кои голем дел ќе бидат наменети за надополнување на артилериските и воздушните одбранбени системи.

Висок американски функционер кој допатува со Блинкен од Полска за Украина рече дека артилерија, средства за противвоздушна одбрана и балистички ракети со долг дострел се веќе испорачани, некои од нив веќе се во првите редови.

Зеленски во текот на викендот рече дека жестоки борби со руските војници се водат во близина на границата во источна и североисточна Украина, а украинските команданти и аналитичари веруваат дека руските сили имаат за цел да ги искористат украинските слабости пред поголемиот дел од новата воена помош за Киев од САД и од Европските партнери ќе пристигнат на фронтот во наредните недели и месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 2 дена

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Зеленски ѝ честиташе на Србија за изборниот исход: „Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“

Свет | пред 6 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Нема да дозволиме Путин да победи, но одлуките на Трамп му носат пари за војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања