Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Блокадата на уставните измени и продолжувањето на европскиот пат од страна ДПМНЕ, не само што предизвикува изолација на државата и застој на евроинтергациите, туку значително неповолно ќе влијае на економските придобивки за економијата и граѓаните, велат од СДСМ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ. Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови. Во перспектива, со забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од овие што ги имаме досега“, посочуваат од СДСМ.

— реклама —

Како што дополнуваат, блокадите на ДПМНЕ ќе доведат до загуба на значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.

— реклама —

„Тие, исто така, ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движеше од над 50 отсто, па се до 100 отсто. Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на непродолжување со интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и отворањето вратите кон европскиот пазар со 500 милиони потрошувачи за македонските компании. Придобивките од членството во ЕУ се огромни, сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи. Тоа го сакаат 80 отсто од граѓаните. Како што обезбеди членство во НАТО, како што обезбеди почеток на преговори со ЕУ, така СДСМ заедно со европскиот блок ќе обезбеди членство во ЕУ, и покрај блокадите од ДПМНЕ и Левица“, истакнаа од СДСМ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања