Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Блокадата на Мицкоски на 130 закони и 100 милиони евра се на штета на граѓаните и државата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-miting-12

ВМРО-ДПМНЕ на чело со и Христијан Мицкоски останува деструктивна партија која дополнително ја отежнува состојбата во време на светска економска и енергетска криза, вели СДСМ

— реклама —

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски блокираат над 130 законски решенија во Собранието, кои се во интерес на граѓаните и државата.

— реклама —

Со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории во наредните четири месеци.

Поради свесно и намерно блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ЕБОР стопираше 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ, наменети за справување со енергетската криза.

— реклама —

Со опструкции и блокади ВМРО-ДПМНЕ работи против интересите на државата и на сите граѓани.

— реклама —

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања