Промени тема
Контакт

Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје – Софија, воспоставуваме нови авионски врски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
foto-3

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија - Скопје.

Со ова започнува да се реализира редовната авиолинија Софија – Скопје што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји. Авиокомпанијата Гуливер ќе ги поврзува главните градови два пати во неделата, со интенција оваа линија да се поврзе и со аеродромот во Охрид.

— реклама —
— реклама —

Министерот Бочварски изрази задоволство од воспоставувањето на овој лет и најави можност за отворање линии и кон други нови дестинации. „Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност и заеднички со Република Бугарија ја воспоставивме оваа линија. Работите се движат во посакуваниот правец и веќе ги гледаме резултатите од работењето на мешовитите групи со колегите од Бугарија. Летот Софија - Скопје од денеска почнува да сообраќа и првите патници веќе пристигнаа во Скопје. Им посакувам добредојде во нашата држава и испраќам порака дека нашата земја има што да понуди во делот на туризмот. Остануваме посветени со нашите пријатели и во наредниот период во изнаѓање на решенија со кои ќе ги зацврстиме пријателските односи и кои ќе донесат економски бенефит за двете држави.“ – изјави министерот Бочварски од аеродромот во Скопје.

— реклама —

Министерството за транспорт и врски продолжува со креирање политики за развој на авиосообраќајот во земјата и отворање на нови дестинации за нашите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања