Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бочварски: Ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност, објави press24.mk. 

— реклама —

Тој најави дека информацијата со препораките ќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.

– Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период, рече Бочварски.

— реклама —

Тој повтори дека Министерството нема можност да навлегува во ингеренците на општините во постапувањето по дивоградбите, но посочи дека со оглед на важноста на прашањето ќе се разгледаат сите опции.

-Посакувам ова да се реши преку меѓусебна координација на сите инстанци. Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на УНЕСКО, рече Бочварски.

Текстот во целост на: press24.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања