Промени тема
Контакт

Бочварски на средба со Кејт Мери Брнс: Го продлабочуваме стратешкото партнерство со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Кејт Мери Брнс. На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти во Република Северна Македонија кои се од големо значење за развој на домашната економија, регионалното поврзување, но и подобрување на урбаното живеење во

општините.

— реклама —

Посебен фокус беше ставен на комплетирање и модернизацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 како стратешки проект од национален интерес, како и имплементација на Интелигентниот транспортен систем долж Коридорот 10.

— реклама —

„Поддршката што ни ја даваат САД на нашиот пат кон ЕУ интеграцијата е огромна. Соработката е на одлично ниво. Како земја која претендрира да стане членка на ЕУ имаме многу предизвици, особено во делот на инфраструктурните проекти, кои се многу значајни за нас и кои ќе придонесат за поефикасно регионално поврзување со соседите. Со поддршката од нашите пријатели продолжуваме на патот на развојот и просперитетот.“ – изјави министерот Бочварски. Министерот Бочварски и амбасадорката Брнс ја истакнаа важноста од развојот на инфраструктурата заради полесна интеграција на земјата во европските патни и железнички системи.

— реклама —

Заеднички ја потврдија одличната соработка со заложба дека добрите меѓусебни односи ќе продолжат и дополнитено ќе се продлабочат во периодот што следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања