„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бочварски од Охрид најави решавање на дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-bocvarski-2-1

Министерството за транспорт и врски следната година ќе ја преземе обврската да го реши крајбрежјето на Охридското езеро преку етапна урбанизација. Се што е во зона на езерото надвор од Генералниот урбанистички план нема да влезе во рамките на новиот Урбанистичкиот план. Со овој чекор ќе решиме голем проблем на општина Охрид, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Охрид.

— реклама —

”Имаме заклучок од Владата, во 2021 година министерството за транспорт и врски да предвиди средства за изработка на Урбанистички план за крајбрежјето на Охридското езеро, но само за општина Охрид. Согласно ГУП-от на општиниата, етапно ќе го решаваме проблемот со дивоградбите во крајбрежниот појас на езерото и се што е во зоната на езерото и надов од ГУП-от нема да влезе во тој Урбанистички план. Државата нема да ги преземе плажите, ние само етапно ќе урбанизираме, а тоа значи дека сите нелегални објекти надвор од плановите ќе бидат отстранети, притоа да и дадеме можност на општината во иднина да работи согласно нејзините приоритети”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

— реклама —

Министерот Бочварски на средбата со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, разговараа за урбанизацијата на градот, за препораките на УНЕСКО како и за капиталните проекти што се реализираат во општината како на локално ниво така и со поддршка на централната власт.

Министерот потенцираше дека преку министерството во Охрид се работи на изградба на канализациона и водоводна мрежа, како и рехабилитација на транзитната улица. Преку министерството за транспорт и врски до крај на годината ќе се распиште и јавен повик за рехабилитација на улицата “Македонски Просветители” во вредност од 537 илјади евра.

Градоначалникот Константин Георгиевски ја истакна значајноста на поддршката што ја овозможува Владата и ресорните министерства за решавање на горливите проблеми на општина Охрид, како преку инвестиции во капитални проекти така и во делот на урбанизмот и градежништвото.

На новинарско прашање за дивоградбите во Струга, министерот Бочварски потенцираше дека законите еднакво важат за сите и во рамките на законските прописи секој градоначалник треба да постапува соодветно. Тој најави средби со градоначалниците и решавање на проблемите со дивоградбите

Во рамки на посетата на општина Охрид, министерот Бочварски ја посети и Капетанија на пристаништата и оствари средба со Капетанот Горан Устијаноски, на која се разговараше за тековните проекти за подобрување на езерскиот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања