Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бочварски: Преку нов предлог Закон го продолжуваме процесот на легализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Наша интенција е да го продолжиме рокот за легализација преку нов Закон за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.

— реклама —

Новиот предлог Закон за добивање на правен стстус на бесправно изградените објекти веќе е влезен во собраниска процедура. Со него се очекува да се продолжи рокот за легализација на дивоизгардените објекти со нов рок по предлог на локалните самоуправи.

— реклама —

“Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии- и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја. Сакам да напоменам дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците”. изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.

“ Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот Клинички центар ,изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја.. Како сиромашна општина голема помош имаме од Министерството особено во делот на изведба на фекалната мрежа и преку Македонија пат за изведба на улици во руралниот дел на општината, како и за најгорливот проблем а тоа е легализацијата. Од вкупниот број на предмети или 12 500 во Ѓорче Петров нереализирани се 22 проценти. Им напоменавме на граѓаните за тие кои не успеале да стигнат навреме заради сложеноста на предметите дека во тек е носење на нов закон кој е во собраниска процедура”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На новинарско прашање за изградба на Клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на Клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.

фото и видео: Министерство за транспорт и врски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања