Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Бочварски: Штип конечно доби затворен базен!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
borche-pacemski

Би сакале да се заблагодариме за реализацијата на еден проект, кој беше најавуван во предизборната кампања на градоначалникот на Штип, г. Благој Бочварски. Ние од ГДУ, сакаме први да честитаме за проектот „затворен базен во Штип“. Штип конечно доби затворен базен! Многу влади досега ветуваа и се обидуваа да смогнат сили да реализират еден ваков голем проект, но само оваа власт успеа да го реализира, истакна претседателот на Граѓанско Демократска Унија- Штип, Борче Пачемски.

Навистина зборот е збор!

— реклама —

За жал, добивме само затворен базен, но не и покриен таков. Би сакале да знаеме дали ова лето ќе се примени иновативната метода за разладување од летните горештини по примерот на предходниот градоначалник на Скопје, г. Коце Трајановски, со поставување на песочни плажи покрај реката Брегалница?

— реклама —

Само најискрено ве молиме, во никој случај да не се плажите во Ново Село, бидејќи цевката од колекторот сѐ уште не е направена, иако цела Македонија разбра за фекалиите кои излегуваат од таму. Можеби подобро е градскиот базен да биде отворен за да можат граѓаните да уживаат во капацитетите на истиот, или пак ќе треба да одиме до соседните градови на пример Пробиштип или Кочани?

— реклама —

На овој прес, темата за аква- парк нема да ја отвораме, бидејќи стана јасно дека тоа било само една детска желба на нашиот градоначалник која никогаш за жал нема да се исполни, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ – Штип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања