Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Бочварски: Водата за пиење во Штип е безбедна и покрај инцидентот на Брегалница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bocvarski

Водата во Штип е безбедна за пиење, изјави градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за локална самоуправа и просторно планирање, Јани Макрадули, беа на увид по течението на реката Брегалница, која пред три дена побеле откако во неа се излеа течност од фабрика во ТИРЗ-зоната. Исто така, материјата што истекла не предизвикала оштетувања на животинскиот и растителниот свет.

„Јас сум на страната на правдата и мора оваа работа да ја истераме до крај со цел да излезе вистината на виделина. За среќа, бунарите на општина Штип за вода за пиење се безбедни бидејќи се на повисоко ниво и не се допрени од страна на таа материја. Во наредните денови ќе се вршат анализи на водата за пиење од чистата вода што е излезена од филтер-станицата во Штип и секако сировата вода којашто е пред влезот во филтер-станицата и од водата во градскиот водовод“,  истакна градоначалникот Бочварски.

Тој кажа дека анализите на Центарот за јавно здравје и ЈП „Исар“ покажале дека водата е со ист квалитет.

„Тоа е добрата вест којашто сакаме да ја знаат граѓаните. Дополнително, материјата што е истечена е само транзитно помината низ реката и првите анализи покажаа дека нема никакви оштетувања на животинскиот и растителниот свет“, истакна Бочварски.

— реклама —

За потсетување пред три дена Брегалница доби невообичаена бела боја. Беше утврдено дека реката ја загадила фирма добавувач во ТИРЗ-зоната во Штип.

фото: ФБ Благој Бочварски

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања