Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бодигардот на премиерот Мицкоски се изјасни за невин во случајот за оддавање службена тајна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
telohranitel

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како обвинет за оддавање службена тајна на Благоја Коруноски, кој во постапката има статус на сведок.

— реклама —

На прашањето од судијата дали се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, Самараков кратко одговори: „Не сум виновен.“

— реклама —

Во воведниот говор, обвинителката Ивана Трајчева најави дека обвинителството ќе докаже дека на 30 март 2025 година, околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес, Самараков, како вработен во МВР, му предал на Коруноски документи од класифицирана природа, достапни во МВР, со цел да бидат објавени на социјалните мрежи.

— реклама —

„За тоа обвинетиот Самараков требало да прибави од лицето Лелита Трајковска Миленкова износ од 50 илјади евра. Со тоа му се става на товар дека сторил кривично дело оддавање службена тајна по член 360 став 2 во врска со став 1“, изјави Трајчева.

Адвокатот на Самараков, Ивица Ефремов, истакна дека обвинителството користи докази кои биле прибавени на незаконит начин.

„Нашата одбрана ќе биде насочена кон тоа што Обвинителството користи докази што незаконски ги прибавиле и не може да се предмет на докажување во кривична постапка. Ќе ве увериме дека доказите што ги приложува Обвинителството немаат својство на службена тајна и воопшто не постои елементот на користољубие“, рече Ефремов.

Поради отсуство на сведокот Благоја Коруноски, кој не се наоѓа во државата, неговото сведочење е одложено за август. На рочиштето се најавува прикажување на две видео-снимки – една од критичната вечер и една од друг временски период.

Обвинителството приложи и материјални докази, меѓу кои се вештачени мобилни телефони, лаптоп и хард дискови.

Во судницата присуствуваше и сопругата на обвинетиот, Сања Самаракова, поранешна кандидатка за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес. Самараков е вработен во МВР од 2015 година, нема претходни пресуди и е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања