Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Богата програма на „Самарленд“ во Градскиот парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Summerland-4

Градот Скопје ова лето, во текот на топлите јулски денови и вечери, нуди интересни забавни содржини и активности за сите возрасти во Градскиот парк.

-После доброто искуство што Скопје го имаше со Винтерлендот, еве не денеска да го најавиме вечерашното отворање на Самрленд на Школка во Градскиот парк – рече Шилегов.

— реклама —

Тој додаде дека за таа цел почнувајќи од денеска, па се до 28-ми јули секојдневно ќе се организараат дружења во Градски парк, односно дека е обезбедена богата програма со добра музика на Школка, Chill & Fun Зона каде што граѓаните ќе можат да се забавуваат со board игри, флипери, фудбалче, табла и Playstation.

— реклама —

-За најмалите имаме детско катче со забавни активности кои ќе бидат вистинско уживање и за децата и за родителите. Секако, неизоставен дел ќе бидат и хуманитарните и едукативни настани, изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, кино на отворено и многу други забавни содржини кои ќе го направат ова лето во Скопје незаборавно- истакна Шилегов.

— реклама —

Скопје ова лето ќе понуди нешто што никогаш досега не било организирано во овој период од годината. Освен за жителите на Скопје очекуваме дека овие содржини ќе бидат атрактивни и за туристите и другите посетители коишто природно во летниот период се помногубројни.

-Ги повикувам сите љубители на добра забава без разлика на возраста да ни се придружат овој јули во Градскиот парк и заедно да се дружиме и да се разладуваме во најубавиот дел од нашето Скопје. Нека летниот период во Скопје биде забавен за сите! - порача Шилегов на крајот од своето обраќање пред Школка во Градскиот парк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања